Агуеро го изненади фудбалскиот свет – се враќа во познат дрес!? (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро повторно ќе игра фудбал, а оваа информација доаѓа откако Аргентинецот минатата сезона принудно ја прекина кариерата поради проблеми со срцето.

Агуеро ќе настапи на 28 јануари за Барселона, но не таа од Шпанија, туку таа од Еквадор.

„Среќен сум и ќе се забавувам. Ги имав потребните прегледи, се чувствувам добро и веќе почнав да тренирам, па ќе можам да настапам“, кажа Агуеро.

Аргентинецот е осма ѕвезда која е повикана на „Жолтата ноќ“, а претходно играа Диего Форлан, Андреа Пирло, Кака, Дел Пјеро, Хавиер Маскерано и Карлос Тевез.