Агуеро го прашаа дали пак ќе заигра фудбал, а неговиот одговор ги расплака навивачите


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Серхио Агуеро, кој минатото лето пристигна во Барселона од Манчестер сити и требаше да биде големо засилување з акаталонскиот гигант, мораше да ја заврши кариерата поради проблемите со срцето.

На натпреварот против Депортиво Алавес на крајот на октомври, Агуеро излезе во завршницата од првото полувреме затоа што се жалеше на проблеми со дишењето, но дополнителните прегледи покажаа дека има проблем со срцето.

По разговор со докторите Аргентинецот мораше да донесе тешка одлука и да ја заврши фудбалската кариера, затоа што здравјето му е на прво место, а сега на социјалните мрежи доби прашање од еден од навивачите за тоа дали повторно ќе заигра фудбал.

„Сакам да играм фудбал, но брзо останувам без воздух. Понекогаш се прашувам дали воопшто ќе може да истрчам спринт. Едноставно чувствувам дека срцето не ми работи правилно“, вели поранешниот аргентински напаѓач.