Агуеро кажа кои два тима ќе се борат со Сити за титулата идна сезона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро кажа дека Манчестер сити ќе ја освои титулата оваа сезона во Премиерлигата, и тоа додека Арсенал имаше солидна разлика.

„Граѓаните“ до крај на сезоната ги чекаат уште два меча за титули, и тоа во ФА-купот и Лигата на шампиони, а Агуеро во својата колумна зборуваше за тоа кои екипи ќе му бидат конкурентни на Манчестер сити во идната сезона.

„Манчестер сити повторно ќе биде фаворит за титулата со ваков состав. Можат да ја освојат титулата и следната сезона. Сепак, ќе им биде потешко. Арсенал има добра база со млади фудбалери, а притоа тука е Манчестер јунајтед кој со Ерик Тен Хаг се враќа на вистинскиот пат“, смета Агуеро.