Агуеро на збогувањето од „граѓаните“ поделил часовници и скап автомобил 🎥


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро по 10 години го напушти Манчестер сити, а на крајот на сезоната им поделил скапи подароци на вработените во клубот.

Агуеро имал подароци за 60 вработени, а еден од нив добил скапо возило кое чини 50.000 евра, а сега се појави и снимката од моментот кога го доделил подарокот.

Напаѓачот го купи пред неколку месеци и реши дека не му треба во Барселона, па поради тоа го подари на еден од вработените.

„Се тресам! Секој ден ќе го возам, што можам повеќе од ова да кажам. Нема никогаш да те заборавам“, кажа среќникот кој го доби подарокот.