Агуеро намерно се повредил поради тајна клаузула во договорот со Барселона?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Серхио Агуеро не е среќен затоа што Лионел Меси си замина од Барселона, но напаѓачот потоа сам го демантираше тоа.

Во понеделникот се појави нова информација поврзана за Агуеро и неговото останување на „Камп Ноу“.

Информацијата која се појави е дека Аргентинецот намерно се повредил и нема да биде на теренот два ипол месеци, а тоа наводно го направил поради клаузула во неговиот договор.

Шпанските медиуми објавија дека Агуеро има клаузула во договорот со Барселона, според која би можел да биде раскинат неговиот договор.

Барселона може да го отпушти Агуеро доколку Аргентинецот поради повредите не одигра одреден број натпревари, а очигледно оваа ситуација му одговара на поранешниот напаѓач на Манчестер сити.