Агуеро не може без фудбал – најави дека ќе се врати!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот фудбалер Серхио Агуеро мораше да ја прекине кариерата на 33-годишна возраст поради проблемите со срцето.

Агуеро, сепак, не се откажува од фудбал и најави дека има желба да се врати на фудбалот, но засега не е сигурен кога може да се случи тоа.

„Сакам повторно да играм фудбал. докторите ми кажаа дека морам да одморам пет-шест месеци. Меѓутоа, јас сакам да се вратам на тренинзи, добив понуда од Интер Мајами, но морав да ја одбијам. Ќе видиме кога ќе се вратам на теренот“, кажа Агуеро.

Аргентинецот стана голема легенда на Манчестер сити, каде што играше неколку години, а го носеше дресот и на Индепендиенте, Атлетико Мадрид и Барселона.