Агуеро за иднината на Меси: Би сакал да дојде во Манчестер Сити


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Кун Агуеро зборуваше за иднината на неговиот сонародник и соиграч од репрезентацијата на Аргентина, Лионел Меси.

Според Агуеро, Меси тешко дека ќе си замине од редовите на Барселона, но посочи дека би сакал тој да направи трансфер во Манчестер Сити и д заиграат заедно во англискиот клуб.

„Лео е симбол и легенда на Барселона. Знам дека во фудбалот се е можно, но некако не верувам дека тој ќе ја напушти Барселона затоа што тоа е негов дом. Би сакал тој да дојде во Сити и да играме заедно, но сами знаеме дека тоа ќе биде тешко да се случи“ –изјави Агуеро.