Агуеро застана во одбрана на Меси по заканите од боксерот: Немој да си бараш проблеми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лионел Меси постигна еден гол во победата на Аргентина од 2-0 против Мексико, по што ги налути Мексиканците затоа што им го згазнал дресот во соблекувалната.

Иако аргентинската ѕвезда сигурно тоа не го направи намерно, сепак видеото кое се појави на интернет го налути мексиканскиот боксер Канело Алварез.

„Господине Канело, немој да барате извинувања или проблеми, вие не знаете ништо за фудбалот и тоа што се случува во соблекувалната. Меси случајно го допре дресот, не сакаше да го згазне“, кажа Агуеро.