Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Екипата на Ајакс иако важеше за благ аутсајдер на натпреварот на новиот „Вајт Харт Лејн“ против Тотенхем, успеа да стигне до важна победа на првиот меѓусебен полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.
Избраниците на Тен Хаг одиграа уште еден перфектно поставен тактички натпревар кој го добија со 1:0.
Стрелец на единствениот погодок на средбата беше Ван де Бек кој го совлада Хуго Лори во 15. минута од натпреварот.
Потоа следеа две одлични прилики на Тотенхем кој се закани преку Љоренте и Алдервилд,но нивните удари заминаа над стативата. Во 78. минута голема шанса можеби и да го реши овој полуфинален дуел пропушти Давид Нерес кој ја погоди стативата на голот на Тотенхем.