Ајакс се посрамоти: Купи засилување за 22 милиони евра, па не го пријави за Лига Европа

Ајакс направи неверојатна грешка затоа што не го пријави своето засилување од 22 милиони евра за дуелите од нокаут-фазата во Лига Европа.

Ајакс плати 22 милиони евра за Себастијан Але од Вест хем и тоа беше нивно најголемо засилување, но грешката веќе е направена и не е познато дали тимот згрешил или УЕФА.

„Але не е на списокот и се обидуваме да пронајдеме за што се работи. Во контакт сме со УЕФА, но немаме прецизен одговор зошто Але не е на списокот на лиценцирани фудбалери“, соопштија од Ајакс.

Првиот меч Ајакс во Лига Европа го игра против Лил во Франција на 18 февруари, а една недела подоцна се игра реваншот.