Ају во стилот на Меси го постигна голот на сезоната во Премиер лигата (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипатана Кристал Палас стигна до победа на натпреварот против Вест Хем со 2:1 и со тоа уште повеќе ја продлабочи кризата во тимот предовден од Маурисио Покетино.

„Чеканите“ имаа водство од 1:0 откако Роберт Снодграс го отвори резултатот во 57. минута. Сепак, само десетина минути подоцна поранешниот играч на Вест Хем, Чеик Кујате израмни на 1:1, а моментот на натпреварот се случи во финишот.

Џордан Ају во стилот на Лео Меси помина неколку играчи на Вест Хем, а потоа со перфектен лоб го матираше противничкиот голман за голема радост на „Селхрст Парк“.