Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Александар Васоски го напушти Вардар, откако неодамна кажа дека не може да го издржи притисокот во најтрофејниот македонски клуб, кој се соочува со голема криза.
Васоски денеска седна на кормилото на струмичкиот тим, а Акамдеија Пандев го промовираше преку социјалните мрежи.
„Александар Васоски од денес е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер.
Веќе се знае и програмата за зимските припреми. Прозивката е на 8-ми јануари во Струмица, каде ќе се одработи и првиот дел од припремите. На 20-ти јануари се заминува на двонеделни припреми во Анталија – Турција, каде се планирани и неколку пријателски натпревари.
Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги.
Добредојде Тетовче во нашата фамилија и заедно да се радуваме на многу победи! “, соопштија од тимот.
Александар Васоски од денес е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со…
Posted by ФК Академија Пандев on Friday, December 25, 2020