Академија Пандев освои бод против шампионот Шкупи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Академија Пандев го запреа актуелниот шампион Шкупи (3-3) во дуелот од 19. коло во македонската Прва Лига.

Шкупи постигна гол за водство преку Реналдо Цефас по 12 минути, а во 27. минута Ване Крстевски стрелаше за 1-1.

Девет минути подоцна Агрон Руфати погоди за пресврт и предност на струмичката екипа од 2-1, по што Мамаду Данфа израмни на 2-2, а Валид Хамиди погоди за нов пресврт и водство на Шкупи од 3-2.

Радост на чаирчани спречи Трајков, кој во судиското надополнување погоди за конечни 3-3.

Работнички беше одличен против Скопје и со 4-0 го декласираше последниот тим на табелата.