Ако Челси заврши меѓу првите четири екипи во Англија, Ламапард треба да добие…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тимот од „Стемфорд Бриџ“ минатата сезона заврши на теретата позиција на табелата в Премиер лигата, но поради забраната за трансфери оваа година ги очекува многу потешка битка за пласман во Лигата на шампионите.

Лампард започна катастрофално, со пораз од 4:0 од Манчестер Јунајтед, но полека го подигнува тимот составен од млади играчи кој има за цел да заврши на една од првите четири позиции.

Стручниот аналитичар, Пол Мерсон смета дека  Лампард ќе ја заслужи наградата за менаџер на сезоната доколку со Челси стигне во ТОП 4.

„Челси повеќе го нема тој фактор на страв. Сега тимите како Лестер мож да останат во игра против нив, а на таа средба можеше да се види дека Лестер можеше да победи. Манчестер Сити и Ливерпул се далекупред сите. Тоа е поинаква ситуација. Ако Челси оваа сезона заврши меѓу четирите најдобри екипи, Френк според мене треба да биде избран за менаџер на сезоната“ –истакна Мерсон.