Ако Дембеле одигра барем секунда, Барселона ќе исплати пет милиони евра!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред четири години Осман Дембеле на „Камп Ноу“ стигна од Борусија Дортмунд во трансфер вреден дури 140 милиони евра плус бонуси, кои полека треба да се наплатат.

Барселона вечерва игра против Алавес, а ако одигра Дембеле барем секунда, каталонскиот клуб ќе мора да исплати дополнителни пет милиони евра на сметка на бонусот, кој е ставен во договорот на Французинот.

Барселона се договори да исплати пет милиони евра ако Дембеле одигра 100 меча за Каталонците.

Французинот досега одигра 99 натпревари, во кои постигна 25 голови и 20 асистенции.