(ВИДЕО) Ако имаше публика на Сан Сиро, сите ќе полудеа поради потегот на Ребиќ


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Анте Ребиќ ја запечати синоќешната победа на Милан против Јувентус.

Хрватскиот фудбалер постигна гол на десет минути пред крајот за конечни 4:2, а Ребиќ стана омилен со неверојатен дриблинг што го исфрли Хуан Квадрадо од игра.

Колумбиецот се обиде да го запре Ребиќ, но тој не успеа. Одличниот потег на Хрватот го исфрли Квадрадо и ако имаше публика во Сан Сиро, сите ќе полудеа поради овој потег.

Навистина одличен потег на Ребиќ, кој игра се подобро и подобро.