Ако ја победиме Грузија, ќе ја избегнеме групата со гиганти на ЕП!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија го победи Косово, па пред нас е последниот предизвик наречен Грузија и со триумф би се пласирале на Европското првенство (ЕП).

Репрезентативците покажаа дека се подобра екипа од Косово, а примивме гол по една несмасна грешка, но притоа постигнавме уште два гола, кои ни беа поништени поради офсајд.

Финалето со Грузија го играме на 12 ноември, а пред ќе играме и еден натпревар против оваа селекција дома во рамките од новото издание на Лигата на Нации.

Веќе од претходно знаеме и во која група ќе игра Македонија во случај да се пласира на Европското првенство, ќе играме во група со Холандија, Австрија и Украина.