Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Поранешниот фудбалер на Ливерпул, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, Мајкл Овен реши да се спореди со фантастичниот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе и кажа дека на трансфер-маркетот во моментов би вредел многу повеќе од него.
Младиот 23-годишен Французин стана најскап фудбалер во историјата кога од Монако се пресели во ПСЖ за 180 милиони евра, по што неговиот рекорд беше урнат од Нејмар, но Овен вели дека тој би вредел повеќе ако во моментов е активен на фудбалскиот терен.
„Колку вреди Мбапе во моментов? Околу 180 милиони евра? Па јас би вредел 250 милиони евра. Не гледам зошто не би вредел толку многу кога и Мбапе има голема вредност“, вели Овен.