Ако расизмот се повтори, Кејн донесе одлука како ќе одговори…?!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Во текот на репрезентативната пауза бевме сведоци на расистички испад од дел од публиката во Црна Гора каде домаќините ја пречекаа селекцијата на Англија.

Убедливата победа на „Гордиот Албион“ остана во сенка на таквото однесување кое го осудија сите љубители на фудбалот, па и УЕФА се огласи со најава дека ќе покрене постапка против ФС на Црна Гора.

Мета на напад беа темнокожите фудбалери како Рахим Стерлинг и Хадсон-Одои, а капитенот на Англија, Хари Кејн истакна дека нема да се двоуми да ја повлече екипата од теренот доколку таквите инциденти продолжат.

„Ние сме тим и секогаш се држиме заедно. Тука сме едни за други, ако се повтори нешто такво подготвен сум да ја тргнам екипата од теренот. Ќе им пружиме поддршка на нашите соиграчи во секој момент“, истакна фудбалерот на Тотенхем.

Ниту во Премиер лигата не останаа имуни на расизмот, навивачите на Челси веќе се казнети бидејќи го навредуваа Стерлинг во дресот на Манчестер Сити.