Ал Хилал му нуди бомбастична плата на Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ објави дека Ал Хилал сака да се засили со Лионел Меси, откако нивниот голем ривал Ал Наср потпиша договор со Кристијано Роналдо.

Роналдо потпиша договор до јуни 2025 година и ќе заработува 200 милиони евра по сезона, додека Меси најверојатно ќе добие околу 300 милиони евра.

Меси веќе почна преговори со ПСЖ и се шпекулираше дека ќе потпише нов двегодишен договор со францускиот шампион, но понудата на Ал Хилал би можела да му ги расипе плановите.