Ал Хилал му понуди 300 милиони евра на Меси – веднаш стигна одговор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ал Наср пред крајот на минатата година потпиша договор со Кристијано Роналдо и му даде плата од 200 милиони евра годишно, а нивниот конкурент Ал Хилал сакаше да го ангажира Лионел Меси, меѓутоа не успеа.

Клубот од Саудиска Арабија му понуди договор од 300 милиони евра и сакаше да го направи Меси најбогат во историјата, но Аргентинецот не ја прифатил понудата.

Меси размислил за понудата, по што ја одбил и решил да остане во Европа каде што се очекува да потпише нов договор со ПСЖ.

Аргентинскиот репрезентативец ќе го продолжи договорот со ПСЖ и ќе игра во Лига 1 уште две сезони.