Ал Хилал во вторник ќе ги расплаче навивачите на Барселона


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Лионел Меси вечерва против Клермон ќе го одигра последниот меч во дресот на ПСЖ, по што заминува од францускиот гигант.

За потписот на Меси ќе се борат Барселона и Ал Хилал кој испрати примамлива понуда до Аргентинецот и се очекува наскоро да ја дознаат неговата одлука.

Шпанските медиуми пишуваат дека Аргентинецот во текот на следната недела ќе донесе конечна одлука за неговата иднина, а Ал Хилал веќе направил план да го промовира Меси во вторник како нов играч.

Ал Хилал ќе му плати 600 милиони евра на Меси за договор на две години, па остнува да видиме дали Аргентинецот ќе ја прифати понудата.