Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ ќе прави ремонт на екипата ова лето, а една од желбите на претседателот Насер Ал Келаифи е Мохамед Салах од Ливерпул.
Француските медиуми пишуваат дека Ал Келаифи имал таен состанок со Салах во Мароко, на кој му ги соопштил деталите од понудата.
Салах има договор со Ливерпул и ПСЖ ќе мора да се потруди ако сака да го добие потписот на репрезентативецот на Египет.
Ал Келаифи имал комуникација со Салах уште од Светското првенство во Катар, каде што му кажал дека е главен кандидат за наследник на Лионел Меси, кој летово замина во Интер Мајами.