Ал-Келаифи: Избравме нов тренер за ПСЖ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи ја одби можност да го ангажира Зинедин Зидан, но Маурицио Покетино ќе си замине од Париз по освоената титула.

Аргентинецот на почетокот на 2021 година беше избран за нов тренер на ПСЖ, но не успеа да ја освои Лигата на шампиони (ЛШ) и да ги оправда очекувањата.

„Избравме поразлична опција од Зидан. Избравме тренер кој ќе биде најдобар за тоа што сакаме да го оствариме“, кажа Ал-Келаифи.

Новиот спортски директор на клубот, Луис Кампос во претходните денови се обиде да го договори Масимилијано Алегри, но не успеа, па сега се поставува прашањето на кого паднал изборот.