Ал-Келаифи веќе не може да го трпи однесувањето на своите ѕвезди: Чао!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Откако Насер Ал-Келаифи стана сопственик на ПСЖ многу ѕвезди и некои од најдобрите играчи на дешеницата пристигнаа на Паркот на Принцевите.

Меѓутоа, се чини дека на богатиот шеик од Катар му здосади однесувањето на неговите фудбалери кои благодарејќи на огромните примања станаа многу размазени.

На Ал-Келаифи очигледно тешко му падна излегувањето од ЛШ против Манчестер Јунајтед и одлучи да го покаже својот авторитет.

Во разговор за Франс фудбалр тој јасно им порача на играчите дека мораат да превземаат одговороност во спротивно можат да си одат од клубот.

„Не сакам веќе да се однесуваат како ѕвезди“, рече Ал Келаифи и продолжи:

„Играчите мораат да превземат повеќе одговорност за разлика од порано. Се треба да биде потполно различно. Мора да се работи повеќе и понапорно… Не се овде да уживаат. Ако не се служуваат со ова, вратата им е отворена. Чао. Не сакам да се однесуваат како ѕвезди“.

ПСЖ засега не доведе нови играчи, а причината за тоа е промена во раководството на клубот.

Антеро Хенрике веќе нема да биде спортски директор, а него ќе го наследи повратникот Леонардо.