Алаба доаѓа во Реал Мадрид да биде најплатен во историјата, а еден дефанзивец ќе настрада поради тоа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Долго време се шпекулира дека Давид Алаба ќе го напушти Баерн Минхен на крајот на сезоната, а негова следна дестинација ќе биде Реал Мадрид.

Иако во еден момент имаше можност Алаба да остане во Минхен, сепак тоа нема да се случи, барем така пишуваат шпанските медиуми.

Алаба договорил соработка со „кралевите“ и ќе добива плата од 22 милиони евра годишно, па така ќе стане најплатен дефанзивец во историјата на фудбалот.

Алаба по 10 години би требало да го напушти бундеслигашот, а како „жртва“ на неговото пристигнување во Мадрид се смета Серхио Рамос, кој нема потпишано нов договор со „кралевите“ и најверојатно ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ ова лето.