Алаба не можеше ниту да сонува полош почеток во Реал Мадрид


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Давид Алаба по 14 години реши да го напушти Баерн Минхен и неодамна потпиша со Реал Мадрид.

Алаба во Минхен играше од 2007 година, но не успеа да се договори со управата за нов договор и поради тоа си замина.

Австриецот по доаѓањето во Реал Мадрид реши да го облече дресот со број четири, кој до неодамна го носеше Серхио Рамос.

Меѓутоа, репрезентативецот на Австрија во Реал Мадрид нема најдобар почеток бидејќи на тестирањето за ковид-19 доби позитивен тест.

Реал Мадрид потврди дека Алаба е позитивен на вирусот и веќе се наоѓа во самоизолација, па ќе ги пропушти подготовките на клубот.