Алаба објасни зошто гласал за Меси, а не за Бензема


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите му се лути на дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба поради неговите гласови за најдобар фудбалер во изборот на ФИФА.

Алаба глас му даде на Лионел Меси, наместо на неговиот соиграч Карим Бензема, по што навивачите го нападнаа Австриецот.

Дефанзивецот, сепак, преку соопштение реши да ја објасни неговата одлука.

„Националниот тим на Австрија гласаше за оваа награда како тим, а не само јас. Сите во тимот имаат збор и можност да гласаат и затоа имавме така одлука. Сите знаат колку го почитувам Карим, за мене тој е најдобар напаѓач во светот“, кажа Алаба.