„Алаба подобро ти е да работиш на градилиште со мене, отколку да играш фудбал со Винисиус!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Веќе со месеци се шпекулира за следниот клуб на Давид Алаба, кој е најблиску до Реал Мадрид, но наскоро најверојатно ќе дознаеме за кого ќе потпише искусниот фудбалер.

Репрезентативецот на Австрија во редовите на баварскиот гигант стигна во 2007 година како младинец, но остави голема трага во Баерн и сега смета дека е време за нов предизвик.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо пред неколку дена откри дека Алаба потпишал договор со „кралевите“ и официјална промоција се очекува на крајот на сезоната.

„Алаба потпиша дел од договорот со Реал Мадрид. Во клубот доаѓа како слободен играч. Официјална потврда се очекува на крајот на сезоната кога документите ќе бидат средени“, напиша Романо.

Еден навивач го сретна Алаба кој замина на тренинг, но притоа му дофрли: Ако сакаш да играш со Винисиус, подобро ти е да работиш со мене на градилиште“.