Алаба за можната преселба во Мадрид: Не сум човек кој чита весници, но…


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба има договор со германскиот гигант до крајот на сезоната, по што ќе си замине од Бундеслигата, а засега како негова можна дестинација се споменува Реал Мадрид.

Овој 28-годишен фудбалер, наводно, имал договор со „кралевите“ и ги одбил другите понуди од европските гиганти, а сега и тој самиот реши да даде коментар.

„Реал Мадрид? Јас не сум од луѓето кои читаат весник, но и до мене стигнаа тие вести. Ќе видиме што ќе се случи на крајот на сезоната, можам само тоа да ви го кажам. Не е тајна дека сакам да играм на Мундијалот со мојата репрезентација, па поради тоа овие квалификации се многу важни за нас“, вели Алаба.