Алан Прост: За мене најдобар возач во Ф1 е Алонсо!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фернандо Алонсо го освои првиот подиум по седум години, откако на трката за Големата награда на Катар го освои третото место, а поранешниот светски шампион Алан Прост кажа дека Шпанецот е одличен возач.

Алонсо успеа да го победи вториот возач на Ред Бул, Серхио Перез во борбата за подиум и тоа откако само еднаш влезе во пит-бокс.

„Трката беше одлична. Тој им помогна на инжинерите со неговите совети. За мене, Алонсо е најдобар возач во Формула 1“, вели Прост.

Шпанскиот возач се врати во Ф1 оваа сезона по двегодишна пауза, па без сомнеж Алпин направи одличен потег што го донесе Алонсо, кој ќе вози и следната година.