Алардајс ќе добие 2,5 милиони фунти ако го спаси Лидс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот англиски селектор Сем Алардајс беше без работа откако го напушти ВБА во 2021 година, но сега се враќа во Премиерлигата во обид да го спаси Лидс од испаѓање од елитата.

Лидс загуби со 1-4 од Бормут во неделата и поради тоа се наоѓа во лоша ситуација и пред испаѓање од Премиерлигата, а Алардајс е човекот кој треба да го спаси клубот и затоа ќе добие богата награда.

Алардајс ќе го предводи Лидс на последните четири дуели, каде што екипата ќе се соочи против Манчестер сити, Њукасл, Вест хем и Тотенхем, а ако обезбеди опстанок, тогаш ќе заработи 2,5 милиони фунти.