Алардајс: Од мене не се подобри ниту Пеп, ниту Клоп, ниту Артета!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот тренер Сем Алардајс ја доби тренерската позиција на кормилото на Лидс и ќе има тешка задача да обезбеди опстанок за екипата.

Лидс се наоѓа на 17. место во Премиерлигата поради подобрата гол-разлика од Нотингем Форест, а во следниот период го чекаат дуели против Манчестер сити, Њукасл, Вест хем и Тотенхем.

Алардајс верува дека ќе ја исполни задачата и ќе обезбеди опстанок, а притоа се спореди со Гвардиола, Клоп и Артета.

„Ниту Пеп, ниту Клоп, ниту Артета не се подобри од мене. Тиа го прават тоа што го знаат, јас го правам тоа што го знам. Не велам дека сум подобар од нив, но сметам дека сум добар колку нив“, вели Алардајс.