Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот гигант Реал Мадрид оваа сезона ќе се бори да ги одбрани титулите во Ла Лига и Лигата на шампиони, иако тоа воопшто нема да биде лесно.
Иако им оди многу добро со тренерот Карло Анчелоти, сепак управата на тимот бара нов напаѓач за следното лето, а англиски „Сан“ објави дека изборот паднал на Габриел Жесус.
Англиските медиуми пишуваат дека Анчелоти подготвил листа од пет фудбалери кои ги гледа како наследник на Карим Бензема, а прв на листата е Жесус.
Жесус е еден од најважните фудбалери на Арсенал, кој сезонава игра одлично и ќе се бори за титулата во Премиерлигата.
„Кралевите“, исто така, се заинтересирани следното лето да го ангажираат и Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен.