Алармот се вклучи во Мадрид: Реал ќе остане без уште една легенда?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид ја освои двојната круна минатата сезона, односно трофеите во Лигата на шампиони и Ла Лига, а следната сезона сака да го повторат успехот и да се закитат со повеќе трофеи.

„Кадена Сер“ пишува дека Тони Крос ја одбил можноста да го продолжи договорот со Реал Мадрид, иако шпанскиот гигант му ја испратил првата понуда.

Крос сè уште не решил каде ќе игра следната сезона, а постои можност и да ја заврши кариерата доколку телото не му биде во добра физичка состојба.

Многумина беа изненадени со оваа одлуика на Германецот, поради тоа што Крос има само 32 години и е еден од најдобрите фудбалери на теренот.