Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Реал Мадрид во „Ел Класико“ ја совлада Барселона со 2-1 и ја престигна во Ла Лига, а по мечот каталонскиот клуб бараше причина за поразот.
Најголем виновник беше судијата поради што Лука Модриќ по мечот се скара со Жерар Пике, кој воопшто не играше, а сметаше дека надополнувањето било мало.
Хрватскиот капитен и во текот на мечот мораше да се соочи со навреди од ѕвездите на Барселона, а на пет минути до крајот Жорди Алба го нападна и впери прст кон дресот на Модриќ.
„Го гледаш ли тој грб на својот дрес? Поради него судиите се на ваша страна“, наводно му кажал Алба.
А Модриќ зборуваше на само терен и тоа со неговите магични потези.