Албански боксер застрелан пред ресторан во Германија


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Албанскиот боксер Бесар Нимани бил застрелан во германскиот град Билефелд, а нападот се случил додека тој излегувал од еден ресторан.

Медицински екипи пристигнале на местото на нападот, но констатирале дека Нимани е мртов и има неколку куршуми во неговото тело.

Полицијата работи на расчистување на случајот, а засега остануваат нејасни причините за грозоморното убиство.

Нимани се бореше во супервелтер категорија и имал 26 победи и еден пораз во кариерата, додека последната борба ја одработил во 2019 година.