Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерот на Лацио, Луис Алберто кажа дека сака да го прекине договорот и да замине од Рим.
Алберто по мечот против Салернитана кажа дека не е среќен во Лацио и поради тоа сака да го напушти клубот.
„Имав неколку тешки недели зад мене поради се што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам ниту евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам мојот договор“, кажа Алберто.
Алберто оваа сезона одигра 39 натпревари на кои постигна четири гола и запиша осум асистенции.