Алегри: Дибала мисли дека е како Меси…


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри даде коментар за Пауло Дибала, кој ја одигра последната сезона во италијанскиот гигант.

Италијанскиот стратег објасни кој бил најголемиот проблем кај Дибала оваа сезона поради неговите лоши настапи.

„Дибала во еден момент мислеше дека е како Меси. Почна да го копира на теренот за да го достигне неговото ниво. Не може никого да копирате. Мора да изградите свој идентитет“, кажа Алегри.

Тимот од Торино втора година по ред заврши на четвртата позиција во Серија А, па летово му следи голема реконструкција и засилувања за враќање во битката за Скудетото.