Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Италијанскиот тренер Масимилијано Алегри ги загуби нервите на крајот на сезоната и се однесуваше неспортски во финалето на Копа Италија, па поради тоа доби суспензија од два меча.
Алегри се налути поради одлуките на судиите и саркастично им аплаудираше, по што беше исклучен, а Италијанецот го нападна и директорот на „Тутоспорт“ и му се закани дека ќе го претепа.
Стратегот по мечот доби суспензија од два меча и парична казна од 5.000 евра, а наскоро се очекува Јувентус да го отпушти поради тоа што не е во добри односи ниту со управата на клубот.
Разделбата меѓу Алегри и Јувентус претходно ја најави и познатиот новинар Фабрицио Романо.