Доживеа голема неправда на Светското првенство, а сега се сели во ПСЖ во трансфер вреден 60 милиони евра?!


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Младиот белгиски фудбалер Мика Годц би можел ова лето да направи еден од најголемите трансфери во својата досегашна кариера.

Според информациите објавени од Фабрицио Романо, Пари Сен-Жермен започна преговори со Ајакс за доведување на талентираниот крилен напаѓач.

Францускиот шампион сериозно размислува да го ангажира 21-годишниот Белгиец, кој тренерот Луис Енрике го гледа како посакувано засилување за новата сезона.

Сепак, Ајакс нема намера така лесно да го пушти еден од своите најталентирани играчи.

Информации од Холандија зборуваат дека клубот од Амстердам за Годц бара дури 60 милиони евра, што јасно покажува колку го цени неговиот квалитет и потенцијал.