Алегри откри кој фудбалер ќе го напушти Јувентус оваа зима


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри потврди дека велшкиот фудбалер Арон Ремзи ќе го напушти поранешниот италијански шампион до крајот на зимскиот преоден рок.

Иако во претходните денови се шпекулираше дека Јувентус ќе остане без бразилецот Артур, сепак тој нема да замине од клубот до следното лето, но затоа екипата ќе ја напушти Ремзи, кој не е во плановите на Алегри.

Алегри ја потврди шпекулацијата на медиумите и кажа дека Ремзи повеќе нема да биде дел од тимот на Јувентус.

„Ремзи не е во тимот и подготвен е да си замине“, кажа Алегри.

За Ремзи се заинтересирани голем број премиерлигаши, како што се Њукасл и Вулверхемптон.