Алегри се правда: Јувентус има подобар старт од минатата сезона!

Јувентус не успеа да победи против Сампдорија во второто коло во Серија А, па поради тоа тренерот Масимилијано Алегри доби критики од навивачите.

Фановите сметаат дека Алегри е главен виновник за лошиот резултат, а тренерот кажа дека клубот има подобар старт од минатата сезона.

„Немаме примено гол веќе два меча, а имаме и подобар старт од претходната сезона. Сампдорија играше добро, а ние не ги искористивме нашите голови и испуштивме бодови“, кажа Алегри.

Италијанецот, исто така, не сакаше да зборува за нови засилувања, иако Јувентус се поврзува со неколку фудбалери, меѓу кои се Депај, Милик и Арнаутовиќ.