Алегри се жали: Ако не беше казната, сега ќе бевме втори во Серија А


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јувентус доби казна од 15 бодови од италијанската фудбалска федерација, а тренерто Масимилијано Алегри даде коментар на целата ситуација.

Алегри е задоволен од победата против Фиорентина (1-0), но смета дека екипата може да постигне многу повеќе.

„Никогаш не е лесно да се игра против Фиорентина. Мораме да освоиме што е можно повеќе бодови. Во два меча дојдовме на бод од седмата позиција, а да не беше казната, сега ќе бевме втори во Серија А“, кажа Алегри.