ТОП 11 МАКЕДОНСКИ ЈАВНИ ЛИЧНОСТИ - *Football Edition* ↓↓↓
Масимилијано Алегри ја пронајде формулата за препород на Милан. Росонерите врза десет триумфи еден по друг без примен гол. Италијанските медиуми откриваат дека клучот лежи во строгите правила надвор од теренот.
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, воведе низа промени кои, според италијанските извештаи, ја подигнаа екипата на повисоко ниво.
Corriere della Sera пишува дека заслугите за успехот не можат да се припишат само на тактичките решенија на теренот.
Алегриевиот рецепт вклучува четири јасни правила што се однесуваат на секој член на тимот и стручниот штаб.
Прво, задолжително е користење на италијанскиот јазик во сите клубски простории.
Второ, на сила е строг кодекс на облекување за гостинските натпревари.
Трето, вратени се задолжителните карантини пред натпреварите.
Четврто, целата екипа и стручниот штаб имаат заеднички ручек во тренинг центарот Миланело.
Заедничките оброци се воведени за да се спречи создавање на кланови, што минатата сезона беше сериозен проблем.
Новите правила наложуваат во просториите на клубот да се говори исклучиво италијански, а сите, од играчите до готвачите, треба да пристигнуваат на гостувања во официјална клубска облека, вклучувајќи костум и вратоврска.
Corriere della Sera нагласува дека се работи за враќање на вредностите на „стариот Милан“ од ерата на Силвио Берлускони, со јасна порака за заедништво и припадност.