Алексис со посебен имиџ за натпреварот против Барса, соиграч го спореди со најголемиот нарко-бос на денешницата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вечерва играат реванш натпревар во гости против Барселона во четврт-финалето на Лигата на Шампионите.

Црвените Ѓаволи веруваат дека можат да направат уште едно изненадување и да се пласираат во полуфиналето на ова натпреварување иако во првиот натпревар на домашен терен беа поразени од Каталонците со резултат од 1:0.

Солскер може да смета на неколку играчи кои поради повреди го пропуштија првиот меч, а едниот од нив е и Алексис Санчез кој после пет години се врати на Камп Ноу каде некогаш настапуваше во дресот на Барселона.

Алексис веќе некое време не е во прв план на норвешкиот стручњак, но се најде како конкуренција за овој меч. Чилеанецот вчера беше присутен на тренингот и привлече доста внимание со својот нов изглед, односно со неговите бркови.

Соиграчите му дофрлуваа и се пошегуваа на негова сметка, а сите ги надмина Херера кој се огласи и на Инстаграм. Тој ја коментираше фотографијата на Алексис и му порача дека изгледа како мексиканскиот нарко-бос Ел Чапо.