Алиоски има неверојатна статистика, Лидс почнал преговори за нов договор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лидс почнал преговори за да му го продолжи договорот на Езгјан Алиоски, кој игра неверојатно во дресот на премиерлигашот.

Алиоски има актуелен договор до крајот на сезоната, но тренерот Марсело Биелса сака да го задржи и во следните години.

Македонецот пристигна во Лидс во 2017 година од Лугано, а со неговите одлични настапи ги воодушеви настапите, но и тренерот Биелса, кој го испофали Алиоски по ремито со Арсенал.

„Алиоски е фудбалер полн со ентузијазам, еден фудбалер кој во секој момент на теренот игра со голема страст. Дуелот со Пепе беше многу тежок, а и Нелсон е фудбалер кој може да ви направи проблеми, но Џани беше ефикасен на теренот“, кажа Биелса.

Алиоски игра неверојатно во дресот на Лидс, па во претходните три сезони беше неверојатен, откако во првата сезона постигна седум голови на 42 меча, па потоа седум на 44 дуели, а претходната постигна пет погодоци на 39 натпревари.