Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски вчера учествуваше со гол во убедливиот триумф од 5-0 на Лидс против ВБА.
Алиоски беше стрелец на вториот гол на натпреварот, кога испрати една одбиена топка директно во мрежата на противникот.
„Цело време сакам да учам од мојот тренер, сакам да ја искористам секоја шанса која ја добивам. Знам дека во нападот сме силни, можам и јас да напаѓам затоа што сум крило. Сепак, морам подобро да играм во одбраната и истовремено да одам во напад. Играме атрактивен фудбал и напаѓаме, па во таков случај головите сами доаѓаат. Тоа најдобро се виде против ВБА. Не е само еден кој постигнува голови, ова беше важно за нас, сакавме да ги освоиме трите бода и да ја завршиме годината со победа, среќни сме што успеавме во тоа“, кажа Алиоски.
Mad bastard alioski GET IIIIIIIIN #LUFC pic.twitter.com/HAH6N4Infz
— Andrew💛💙 (@leeds_carajo87) December 29, 2020