„Алиоски ни недостига премногу во Лидс, доцна го сфативме тоа!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Лидс, Тони Дориго кој играше за екипата од 1991 до 1997 година кажа дека клубот има лоши резултати поради тоа што си замина македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски.

Алиоски играше за Лидс четири сезони и беше еден од омилените фудбалери за навивачите, но за жал Марсело Биелса го загуби македонскиот репрезентативец, па сега Дориго вели дека на премиерлигашот му недостига одличниот лев бек.

„Алиоски е еден од фудбалерите кои значеше премногу за тимот и навивачите. Некогаш некои фудбалери не се доволно почитувани, а сите го сфаќаат тоа кога ќе си заминат. Така беше и со Алиоски. Тој даваше максимум на теренот за оваа екипа и тоа му помагаше за добри резултати“, вели Дориго.