Алиоски: Сакам да играм во Премиерлигата, тука се најдобрите во Европа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски влезе во последните шест месеци од договорот со Лидс, па дел од медиумите најавуваат дека тој ќе потпише нова соработка со премиерлигашот.

Сепак, постои опција за Алиоски да се пресели во Турција, каде што интерес за него покажал Галатасарај, а по таквите шпекулации тој за медиумите реши да не дава коментар.

Алиоски порача дека е задоволен во екипата на Лидс и Премиерлигата, зашто таму играат најдобрите играчи во Европа.

„Убаво ми е тука, стилот на игра кој го имаме мене ми се допаѓа. Секој ден учам по нешто ново и најдоброто од се е што во Премиерлигата играте против најдобрите играчи во Европа. Навистина е посебно да се надигрувате со нив и да им покажете колку знаете“, кажа Алиоски.